Дописници МКДОпштински вести

Формирано првото здружение на угостители во Делчево

Формирано првото здружение на угостители во Делчево. По тој повод се одржа и првата заедничка средба на која беа дефинирани активностите на здружението за наредниот период.

Делчево, 21 декември 2021 (МИА) – Формирано првото здружение на угостители во Делчево. По тој повод се одржа и првата заедничка средба на која беа дефинирани активностите на здружението за наредниот период.

-Поводот за реализирање на иницијативата за формирање здружение е полесно да се организираме сите кои сме во оваа дејност, која слободно може да кажеме дека никогаш „нема да загине“. Во рамки на активностите планираме да отвориме жиро-сметка на која ќе донираме сопствени средства кои ќе бидат наменети за потребите како на самите членови, така и во некои хуманитарни цели, истакна угостителот Рoберт Боби Златковски.

Во Делчево бројот на лица кои се занимаваат со угостителство е поголема од 100 угостители, иако како што додаде Златковски бројката варира, бидејки дел од угостителите периодично заминуваат во странство на работа, а дел од помладите кои се вклучени во работата, се уште студираат на некои од високите школи за туризам и угостителство.

За претседателот на првото делчевско здружение на угостители е избран Горан Јанковски, угостител со над 30 годишно искуство, кој апелираше до сите кои не присуствувале на првата средба, да се вклучат во работата на здружението и да дадат свој придонес во понатамошните негови активности.

-Таа идеја е постара од 10 години, но поради одредени причини не се реализираше. Сега и дефинитивно здружението е формирано, очекуваме од ден на ден бројката на нови членови да расте. Значи ниту еден угостител не треба да „ескивира“, треба да се приклучи на оваа иницијатива, бидејки како што кажа и мојот колега, угостителството е гранка која никогаш нема да замре, додаде Јанковски.

Во рамки на првата средба, угостителите кршеа лепче со паричка, при што беа одбрани организаторите на заедничкиот настан кој ќе се одржи наредната година.вс/свс

Таг
Back to top button
Close
Close