0_Спорт.ПорталСпортФудбал

ФИФА го прогласи Тухел за најдобар тренер во 2021 година

Тренерот на Челзи, Томас Тухел, е прогласен за менаџер на годината за 2021 година во изборот на ФИФА. Церемонијата на доделување се одржува во Цирих (Швајцарија).

Цирих, 17 јануари 2022 (МИА) – Тренерот на Челзи, Томас Тухел, е прогласен за менаџер на годината за 2021 година во изборот на ФИФА. Церемонијата на доделување се одржува во Цирих (Швајцарија).

Тухел победи во конкуренција на селекторот на Италија, Роберто Манчини и менаџерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола.

Под водство на 48-годишниот Тухел, Челзи го освои трофејот во Лигата на шампионите 2020/2021 година. Неговиот тим го освои и Суперкупот на УЕФА во 2021 година.

Томас Тухел е тренер на Челзи од јануари 2021 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close