Локални избори 2021Политички партии

Филипче во Новаци побара поддршка за втор мандат на градоначалникот Кузманоски

Потпретседателот на СДСМ и министер за здравство Венко Филипче во рамки на кампањата „Најдоброто за мојата општина“ денеска имаше средба со жителите на Општина Новаци од кои побара поддршка и доверба за втор мандат на актуелниот градоначалник  Љубе Кузманоски.

Новаци, 13 октомври 2021 (МИА) – Потпретседателот на СДСМ и министер за здравство Венко Филипче во рамки на кампањата „Најдоброто за мојата општина“ денеска имаше средба со жителите на Општина Новаци од кои побара поддршка и доверба за втор мандат на актуелниот градоначалник  Љубе Кузманоски.

Посочи на позитивните политики и тесната соработка на Владата и општините, при што истакна дека централната власт им стои на располагање на сите локални самоуправи во земјава.

– Не правиме поделби на мали и големи општини, зашто нашиот концепт уште од почетокот беше јасен и прецизен: живот за секој еден во земјава, рече Филипче.

 

 

 

 

 

 

 

 

Напомена дека власта се залага за стабилна, одржлива и здрава економска клима во земјава и дека стратешка цел на СДСМ е градење и работење за силен и независен економски систем.

– За мене патриотизам е иднината за младите овде, во земјава, тоа е унапредениот образовен систем, тоа е достапноста и квалитетот на здравствените услуги, тоа е здравата и силна економија како столб на државата, тоа сме сите ние како целина. Тој начин на работење ќе продолжи и понатаму. Сите заедно ќе ја градиме и зацврстуваме државноста на Северна Македонија. Сите заедно ѝ должиме на земјата сигурност и стабилност. Ние ја создаваме и одржуваме економијата која ќе донесе повеќе пари, повеќе работни места во секоја општина за секој граѓанин, истакна Филипче. хс/цр

Таг
Back to top button
Close
Close