Дописници МКДКултураКултура.ПорталКултура.СлајдерОпштински вести

Филипо Алберто Росо од Италија лауреат на „Пијано фест“ во Битола

Филипо Алберто Росо (14) од Италија е годинaшен лауреат, а Жонгшу Чен (10) од Кина е избран за најперспективен млад пијанист на меѓународниот натревар по пијано, „Пијано фест“ што викендов го организираше здружението „Пијано“ од Битола.

Битола, 29 ноември 2021 (МИА) – Филипо Алберто Росо (14) од Италија е годинaшен лауреат, а Жонгшу Чен (10) од Кина е избран за најперспективен млад пијанист на меѓународниот натревар по пијано, „Пијано фест“ што викендов го организираше здружението „Пијано“ од Битола.

На третото онлајн издание на „Пијано фест“ чии основачи се пијанистките Јана Четелева Белевска и Марија Шамоска Буџаковски, учествуваа 100 млади пијанисти од 19 држави во светот, а ги оценуваа уметниците Тереза Тревисан од Италија, Мирела Туше Вонгли од Албанија и Маргарита Вукович од Русија.

Со одлука на жирито, освен Росо и Чен, во различни категории прва награда на „Пијано фест“ во Битола освоија Рељана Врапи (8 г.) и Кристел Караѓози (16 г.) од Албанија, Јована Арсовска (17 г.) и Јован Наставски (18 г.) од Северна Македонија…и други учесници, млади талентирани пијанисти од светот кои заради актуелната пандемија не допатуваа во Битола. мт/мч/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close