Локални избори 2021Политички партии

Филиповски: Садењето нови дрвја и уредувањето на јавниот простор се нашите приоритети

Со садење ново зеленило и украсни растенија денеска продолжија активностите на Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на Општина Аеродром  на СДСМ и коалицијата и кандидатите за советници.

Скопје, 14 октомври 2021 (МИА) – Со садење ново зеленило и украсни растенија денеска продолжија активностите на Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на Општина Аеродром на СДСМ и коалицијата и кандидатите за советници.

Тие ја посетија населбата Ново Лисиче, каде што уредија јавен простор во близина на Спомен – паркот на нашата музичка легенда Тоше Проески.

– Преку оваа еко – акција покажуваме како ќе работиме во следните четири години. Садењето на нови дрвја и уредувањето на јавниот простор се нашите приоритети. Аеродром е општина која е позната по маалските паркови, тоа се површините меѓу зградите, каде што граѓаните често се рекреираат и меѓусебно се дружат. Овие простори дополнително ќе ги раззелениме и ќе поставиме системи за наводнување, со цел функционален зелен простор и вистински маалски соживот, изјави Филиповски.

Тој посочи дека локалната самоуправа континуирано ќе организира вакви акции за раззеленување или за чистење, на кои ќе бидат вклучени администрацијата, но и младите од основните училишта, заинтересирани претставници на приватниот сектор и граѓанските организации. Основната цел е подигнување на јавната свест кај сите локални чинители.

Филиповски истакна дека зелената агенда е на прво место во програмата на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за Аеродром“.

Тој најави дека во претстојните четири години во општина Аеродром ќе бидат засадени повеќе од 5.000 дрвја.

– Исто така, предвидено е и затворање на Усјанскиот канал, со што ќе се реши голем еколошки проблем за лисичани. За граѓаните од Долно и Горно Лисиче ќе се доделуваат и субвенции за замена на нееколошките начини на загревање, потенцира Филиповски.фф/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close