Дописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Фестивал „Пеце Атанасовски“: Гран при за КУД „Дуфла од Рашче, најдобар гајдаџија Бобан Анакиев од Кочани

Културно-уметничкото друштво „Дуфла“ од Рашче, Скопје, е добитник на Гран при наградата на годинашниов 48 Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, а младиот гајдаџија Бобан Анакиев од Кочани ја доби Гајдата на Пеце за најдобар изведувач.

Прилеп, 3 јули 2022 (МИА) – Културно-уметничкото друштво „Дуфла“ од Рашче, Скопје, е добитник на Гран при наградата на годинашниов 48 Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, а младиот гајдаџија Бобан Анакиев од Кочани ја доби Гајдата на Пеце за најдобар изведувач.

Фестивалот додели и статуетки за најуспешен настап на фолклорни групи и поединци. Настапите ги следеше оценувачката комисија од еминентни етномузиколози: Родна Величковска, Стојанче Костов и Горан Василески.

Фестивалот се одржа на 1 и 2 јули во Прилеп и на Рудина кај Долнени. Настапија околу 300 изведувачи на изворниот мелос од сите краишта на Македонија, а пристигнаа и гости од Србија.

Во рамки на фестивалот се одржаа 12 семинар за изучување на народните инструменти и песни на кој учествуваа 10-тина млади вљубеници во фолклорот и четвртиот симпозиум за „Фолклорот во минатото и денес“. ем/цр

 

Таг
Back to top button
Close
Close