Дописници МКДОпштински вести

Фестивал на младо вино во Кавадарци

Фестивал на младо вино се одржува денеска во дворот на Винскиот музеј во Кавадарци, во организација на „Винотек“, Здружение за развој на винска култура, вински туризам и производи од грозје.

Кавадарци, 8 декември 2021 (МИА) – Фестивал на младо вино се одржува денеска во дворот на Винскиот музеј во Кавадарци, во организација на „Винотек“, Здружение за развој на винска култура, вински туризам и производи од грозје.

– На фестивалот на повеќе штандови се презентира и промовира вино и храна. Можеме да забележиме дека од година во година се зголемува квалитетот на македонското вино, како и бројот на винопроизводители, а се поразвиен е и винскиот туризам, нагласи Јован Еленов, претседател на „Винотек“, најавувајќи и вински базар во иднина.

Тој додаде дека виното е инспирација за луѓето низ историјата. свд/рп/

Back to top button
Close
Close