Дописници МКДКултураКултура.Портал

Фестивалот за деца и млади „Младиот принц“ почнува вечерва пред штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“

Во Центарот за култура „Ацо Шопов“ - Штип вечерва започнува десеттото јубилејно издание на Фестивалот за деца и млади „Малиот принц“. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ - Штип, Горан Трајков вели креативен перформанс со магионичари, принцови и принцези, живи статуи, кловнови, многу музика и подароци за присутната публика се дел од отворањето кое вечерва ќе се случи на платото пред Центарот за култура „Ацо Шопов“.

Штип, 30 септември 2022 (МИА) – Во Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип вечерва започнува десеттото јубилејно издание на Фестивалот за деца и млади „Малиот принц“. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип, Горан Трајков вели креативен перформанс со магионичари, принцови и принцези, живи статуи, кловнови, многу музика и подароци за присутната публика се дел од отворањето кое вечерва ќе се случи на платото пред Центарот за култура „Ацо Шопов“. Перформансот ќе може да се проследи бесплатно, со почеток од 19 часот.

-Ги покануваме сите граѓани да дојдат и да ја проследат пригодната програма пред отворањето на Фестивалот, рече Трајков.

Годинава дел од Фестивалот се седум претстави за деца од театрите во шест града низ државата. Оваа година ќе се доделат и награди и тоа наградата Гран при за претстава во целина, како и специјални награди за најдобар актер или актерка, актерска музика, сценографија, костимографија, режија и адаптација на текст. За наградите ќе одлучува детско и возрасно жири.

-Во сабота во 12 часот ни е Малата сирена“, додека, пак, во вторник е Убавицата и ѕверот од Мал театар од Прилеп. Во среда, во 19 часот, на репертоарот ја имаме нашата претстава Чунгалунговски, пепелашка и принцот тортичка, додека, пак, во четврток е Патот околу светот на НУЦК „Антон Панов“ од Струмица. Во сабота ни гостува летачката театарска трупа од Тетово“, рече Трајков.

Целта на Фестивалот е театарската култура да се воспостави уште од мали нозе кај децата. „Малиот принц“ завршува на 10 октомври, а свеченоста за доделување на наградите е на 12 октомври. Фестивалот е финансиски поддржан од Министерството за култура, а свои средства вложува и Центарот за култура „Ацо Шопов“. вдј/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close