0_Спорт.ПорталФудбал

Фернандеш со порака до навивачите на Јунајтед по поразот од Астон Вила

Играчот за врска на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, по поразот на тимот во натпреварот со Астон Вила (0:1), им се обрати на фановите на клубот преку својот Инстаграм.

Манчестер, 26 септември 2021 (МИА) – Играчот за врска на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, по поразот на тимот во натпреварот со Астон Вила (0:1), им се обрати на фановите на клубот преку својот Инстаграм.

Фудбалерот на оваа средба промаши пенал и пропушти шанса да го спаси својот тим од пораз.

– Никој не е поразочаран од мене поради нереализираниот пенал и пораз. Секогаш преземам одговорност и никогаш не бегам од притисок. Направив чекор и го презедов предизвикот со иста амбиција и одговорност како и во многу други прилики топката да ја сместам во мрежата. Ви благодарам на сите за поддршката по последниот судиски свиреж. Ќе се вратам посилен, напиша фудбалерот.

По шест кола, премиерлигашот Манчестер јунајтед со 13 бода го зазема 4. место на табелата во Премиер лигата. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close