0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Фернандеш: Веруваме во Солскјер и целиот стручен штаб

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, рече дека тимот го поддржува тренерот Оле Гунар Солскјер.

Манчестер, 21 октомври 2021 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, рече дека тимот го поддржува тренерот Оле Гунар Солскјер.

– Секако дека поддржуваме, очигледно е дека тој е нашиот тренер. Го следиме секој ден. Ние ги следиме неговите идеи и ќе продолжиме да го правиме тоа. Веруваме во нашиот тренер и стручниот штаб. Мора да го правиме она што ни го кажува тренерот, бидејќи тој е нешто што мораме да го почитуваме. Тој е тука веќе три години и постигнавме некои резултати. Сè уште не сме освоиле ништо, вистина е, но тимот покажа дека многу порасна. Имаме многу да работиме, а и тренерот разбира дека треба да има подобрувања, но ова е дел од фудбалот. Учиме нешто ново секој ден, изјави Фернандеш.

Манчестер јунајтед вчеравечер ја победи Аталанта во натпреварот 3. коло во Лигата на шампионите со 3:2, иако на полувреме губеше со 0:2.

По осум одиграни кола во Премиер лигата, Манчестер јунајтед е шести во поредокот со 14 бода. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close