СпортСпорт.СлајдерФудбал

У19: Македонските футсалци подготвени за евроквалификациите

По успешно спроведените подготовки, Македонската футсал репрезентација до 19 години пристигна во Гибралтар каде од денеска до среда ќе се играат натпреварите од прелиминарната фаза во квалификациите за Европското првенство во рамки на групата Б.

Гибралтар, 1 ноември 2021 (МИА) – По успешно спроведените подготовки, Македонската футсал репрезентација до 19 години пристигна во Гибралтар каде од денеска до среда ќе се играат натпреварите од прелиминарната фаза во квалификациите за Европското првенство во рамки на групата Б.

Македонската репрезентација е во група со домаќинот Гибралтар и Црна Гора, а пласман во елитната фаза ќе обезбеди само првопласираниот тим.

Прв противник на избраниците на селекторот Зоран Лекиќ е Црна Гора утре од 17 часот, а в среда е дуелот против Гибралтар со почеток од 19 часот.

Победникот во групата за противници во елитната фаза ќе ги има репрезентациите на Италија, Холандија и домаќинот Турција.

Домаќин на Европското првенство за футсалци до 19 години, второ по ред во организација на УЕФА, ќе биде Шпанија, идниот септември. ег/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close