0_Спорт.ПорталСпортСпорт.СлајдерФудбал

У19: Македонските фудбалерки со победа ги почнаа евроквалификациите

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години забележа попладнево триумф од 1-0 (0-0) против домаќинот Грузија, на стартот од квалификациите за пласман на Европско првенство 2023 година.

Рустави, 4 октомври 2022 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години забележа попладнево триумф од 1-0 (0-0) против домаќинот Грузија, на стартот од квалификациите за пласман на Европско првенство 2023 година.

Во воведниот натпревар од квалификацискиот турнир во групата 6 од Б лигата во грузискиот град Рустеви, избраничките на селекторот Астрит Мерко дојдоа до важна победа со голот на Симона Ребека Меијер во 64 минута.

Во последното, второ, коло противник на македонските фудбалерки, в петок, ќе биде Белорусија, а конечниот пласман на табелата во квалификациската група 6 ќе биде познат в понеделник по дуелот меѓу Грузија и Белорусија. ег/

Back to top button
Close
Close