Дописници МКДОпштински вести

Ученици од Полска во посета на општина Кавадарци

Ученици од Полска ја посетија општина Кавадарци, во рамките на еколошкиот проект ,,Екологија секој ден". Тие беа примени денеска од кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Кавадарци, 9 јуни 2022 (МИА) – Ученици од Полска ја посетија општина Кавадарци, во рамките на еколошкиот проект ,,Екологија секој ден”. Тие беа примени денеска од кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
-Станува збор за околу 20 ученици од Олштин, Полска, коишто во рамките на младинска размена преку Еразмус плус програмата чиј домаќин е Општинското основно училиште „Тошо Велков Пепето“,  престојуваат во Кавадарци. Со спроведување на проектот, тие деновиве учествуваат во многу еколошки активности и активности во училиштетето, заедно со кавадаречки ученици. Посетата на Кавадарци ја искористија да се запознаат и со надлежностите, поставеноста и работата на градоначалникот и Локалната самоуправа, информираа од Општината.
Од Локалната самоуправа соопштија дека градоначалникот им потенцирал на гостите,  дека општината го практицира волонтерството често и во многу области, споменувајќи и неколку проекти на кои се работи со Младинскиот центар.свд/

Таг
Back to top button
Close
Close