Дописници МКДОпштински вести

Ученици од Кавадарци работеа на проект за уривање предрасуди

Кавадарци, 24 јуни 2022 (МИА) – Ученици од Кавадарци работеа на проект за уривање предрасуди, информираа денеска од кавадаречкиот Црвен крст.
– Беше тоа еден од последните и завршни проекти преку програмата Црвен Крст во акција – промоција на хуманите вредности, циклус 2022. Младите од ООУ „Тошо Велков Пепето“ Кавадарци, кои се вклучени во проектот ЦКА-ПХВ, овој пат се одлучија за еден малку поинаков проект, појасни Анастасија Танева.
 Таа информираше дека со проектот се промовира културата на соживот во градот.
– Сплотувајќи се и другарувајќи, младите се дружеа преку низа работилници. Целта на проектот на овие ученици е всушност зајакнување на социјалниот фактор после кризниот период со пандемијата во државата, зајакнување на пријателските врски, како и  потребата од почит, разбирање и комуникација, без разлика на пол, возраст, етничка припадност, а со една мисла- хуманоста, рече Танева.
Таа соопшти дека преку низа работилници, младите се запознаваа меѓусебно и разменуваа искуства, се учеа на соработка и добра комуникација, решавање на заеднички проблеми, зголемување на тимската работа и рушење на предрасудите.
– Заедно покажаа дека кога се имаме едни со други, со разбирање, заедништво и почит, всушност го имаме и светот на дланка и така остварливи се сите замисли, срушени сите бариери, децидна беше Танева.
Таа информираше дека во проектот со работилници и врсничка едукација, едуцирани беа 25 младинци од две основни училишта, ООУ „Димката Ангелов Габерот“ и ООУ „Страшо Пинџур“, како и од едно средно училиште, СОЗШУ „Ѓорче Петров“.
– Со овој настан, завршуваме со проектите на четири групи на младинци вклучени во програмата ЦКА-ПХВ, по што следи доставување на документираните проекти до канцелариите на Црвен Крст на Република Северна Македонија, каде истите се евалуираат, соопшти Танева. свд/

Back to top button
Close
Close