Дописници МКДОпштински вести

Ученици и наставници од средното училиште „Моша Пијаде“ од Тетово беа во Турција на размена на образовни практики

Четворица ученици и двајца наставници од Регионалниот центар за стручно образование „Моша Пијаде“ од Тетово минатата недела посетија училиште во Истанбул, со цел размена на образовни практики во рамките на партнерски проект од образовната програма Еразмус+. Проектот е насловен „Танцувај и цртај со математика”, а посетено беше училиштето „Хаској Ортаокулу“.

Тетово, 29 ноември 2021 (МИА) – Четворица ученици и двајца наставници од Регионалниот центар за стручно образование „Моша Пијаде“ од Тетово минатата недела посетија училиште во Истанбул, со цел размена на образовни практики во рамките на партнерски проект од образовната програма Еразмус+. Проектот е насловен „Танцувај и цртај со математика”, а посетено беше училиштето „Хаској Ортаокулу“.

Професорката Виолета Србиновска соопшти дека во текот на петте дена имале работни активности во вид на работилници и презентации.

-Како училиште, заедно со другите, презентиравме што направивме досега, потоа учествувавме во работилница за основните елементи на дизајнот и програмирањето, роботи и 3Д-печатачи; учење преку составување што е веројатност, решавање на тајната на мостовите на архитектот Мимар Синан, градење свои мостови со гледање детали за мостот дизајниран од Леонардо да Винчи за Златниот Рог, цртање слики со геометриски форми и вектори користејќи илустрации и апликации за стилизација, апликации за цртање со тридимензионална перспектива користејќи математички операции и мерни алатки, рече Србиновска.

Групата имаше можност и за посета на историски знаменитости, научни музеи,  други значајни места и разгледување на Истанбул. ас/хс/ 

Back to top button
Close
Close