Дописници МКДОпштински вести

Ученици и наставници од велешкото училиште „Стефан Гајдов“ со највисоки признанија на фестивалот „Аngel Voice“ во Белград

На Интернационалниот натпревар по инструментална музика „Angel Voice“  кој од 23 до 26. септември годинава се одржа во Белград, ученици и наставници од ООМУ „Стефан Гајдов“ од Велес се здобија со највисоки признанија.

Велес, 3 октомври 2022 (МИА) – На Интернационалниот натпревар по инструментална музика „Angel Voice  кој од 23 до 26. септември годинава се одржа во Белград, ученици и наставници од ООМУ „Стефан Гајдов“ од Велес се здобија со највисоки признанија.

Ученичката Даниела Теова освои Гранд При во категорија инструментална музика, во дисциплината пиано, со освоени максимум 100 бода. Ученикот Огнен Ристов од истото училиште во дисциплина пиано го освои првото место, двајцата во класата на професорот мр Илија Настовски.

Професорот м-р Настовски за МИА информираше дека високо место со 100 поени во дисциплина камерна музика освоија ученици од класата на традиционални инструменти, односно Оркестарот на народни инструменти од ООМУ „Стефан Гајдов“ во класата на мр Трајче Малинов, кои се претставија со две фолклорни композиции. Тоа се членовите Христојан Саздовски, Андреј Бошков, Стефан Николовски, Давид Николов и Петар Петрушев.

-Ваквите високи признанија на еден ваков фестивал се резултат на напорната работа и на наставниците и на учениците и секојдневно вежбање на инструментите што редовно не носи до највисоки успеси и признанија на нашите ученици на бројни фестивали и натпревари, потенцира м-р Настовски.

Воедно, м-р Настовски кој беше и претседател на меѓународното жири во склоп нфестивалот „Аngel Voice“ oдржа свој солистички концерт и доби специјално признание од светската организација на фестивалот WAPA и Здружението за борба против карцином кај децата THALIA од Белград.

Тој воедно е поканет од менеџментот на Здружението на музички и балетски педагози на Република Србија и Здружението Gradus Ad Parnasum-Sirmium Music Fest од Сремска Митровица, да биде дел од меѓународното жири на натпреварите во нивна организација.

Воедно, професорот м-р Трајче Малинов кој исто така беше член на ова жири на фестивалот, доби признание за високи педагошки постигнувања и покана за промоција на неговата книга „Ало Тончов-Бардот на Велешката чалгија“ за во март следната година.ад/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close