0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталВременска прогноза

Утринска магла, а потоа сончево и топло до 21 степен

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и потопло. Наутро по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на места долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Скопје, 3 ноември 2021 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и потопло. Наутро по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на места долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје, наутро со појава на магла и ниска облачност, која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 17 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла по котлините. До петок ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе бидат позитивни, а дневните во значителен пораст.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close