0_Спорт.ПорталДописници МКДОпштински вестиОстанато

Утре во Струмица почнува 45.издание на боречкиот турнир „Македонски бисер“

Утре во Струмица почнува 45. издание на Традиционалниот меѓународен турнир во борење во слободен стил за сениори.

Струмица, 19 ноември 2021 (МИА) – Утре во Струмица почнува 45. издание на Традиционалниот меѓународен турнир во борење во слободен стил за сениори.

Како што најавија од Боречката федерација на Македонија на турнирот се очекува да учествуваат борачи од Русија, Англија, Куба, Косово, Хрватска, Молдавија, Србија, Грција, Албанија, Бугарија,Словенија и Република Северна Македонија.

Борбите почнуваат утре претпладне во салата на Средното училиште „Димитар Влахов“ во Струмица, а финалните борби, свеченото отворање и доделување на медалите е закажано за попладне. рт/цр

Таг
Back to top button
Close
Close