Локални избори 2021Политика

Успешно заврши гласањето на стари и изнемоштени лица и болни од Ковид-19 во општините Градско и Чашка

Успешно беше завршено гласањето на стари и изнемоштени лица во населените места во општина Градско, информира за МИА Мери Седмакова, претседател на  ОИК Градско. Во нивните домови гласале 49 претходно пријавени болни и изнемоштени лица  и три болни од Ковид-19.

Велес, 16 октомври 2021 (МИА) – Успешно беше завршено гласањето на стари и изнемоштени лица во населените места во општина Градско, информира за МИА Мери Седмакова, претседател на  ОИК Градско. Во нивните домови гласале 49 претходно пријавени болни и изнемоштени лица  и три болни од Ковид-19.

Во општина Чашка од пријавени 129, а прифатени 124 стари и изнемоштени лица денеска во домашни услови гласале 114 лица кои припаѓаат на  17 различни избирачки места во општината, информира за МИА Марјан Јовановски секретар на ОИК Чашка.

Воедно од 10 пријавени лица болни од Ковид-19 денеска во домашни услови гласале осум лица кои се регистрирани на  три избирачки места во општина Чашка.

Гласањето успешно беше изведено и во двете општини, посочија Седмакова и Јовановски.ад/вј/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close