0_Спорт.ПорталКошарка

Усвоен финансискиот извештај на КФСМ за 2020 година

На годишното Собрание на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, беше прифатен извештајот за работата на федерацијата за 2020/2021 година.

Скопје, 27 октомври 2021 (МИА) – На годишното Собрание на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, беше прифатен извештајот за работата на федерацијата за 2020/2021 година.

Претставниците на клубовите-членки на Собранието, на денешната седница на највисокото законодавно тело во кошаркарската федерација, ги подигнаа зелените картони во знак на прифаќање на Финансискиот извештај на федерацијата за 2020 година.

Освен тоа, со 23 гласови „за“, на Собранието кое беше одржано во Скопје, а со кое раководеше претседателот Перо Антиќ, делегатите на Собранието го прифатија и извештајот на работата на КФСМ за 2020/2021.

Претходно, претставниците на клубовите го усвоија записникот од Собранието одржано на 10 декември, во 2020 година, односно записникот од вонредното, дописно Собрание на федерацијата, кое беше одржано на 15 септември 2021 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close