Дописници МКДОпштински вести

Усвоени кварталните финансиски извештаи на три јавни претпријатија од Куманово

Советниците на денешната втора седница ги изгласаа тримесечните извештаи на јавните претпријатија „Чистота и Зеленило“, „Водовод“ и „Куманово-гас“. Две од претпријатијата имаат позитивен финансиски извештај, едното негативен.

Куманово, 6 декември 2021 (МИА) – Советниците на денешната втора седница ги изгласаа тримесечните извештаи на јавните претпријатија „Чистота и Зеленило“, „Водовод“ и „Куманово-гас“. Две од претпријатијата имаат позитивен финансиски извештај, едното негативен.

„Водовод“, според податоците на претседателот на комисијата за финансии и буџет, Валентина Младеновска работел со добивка од 3, 1 милиони денари, од кои најголем дел, 2, 9 милиони денари биле остварени во последните три месеци од годинава. Расходите, најмногу по основ на враќање на кредитот биле намалени за 31 милиони денари, но како што кажаа советниците, високи се ставките за плаќање на поштенски услуги. Дел од владејачкото мнозинство во Советот го пофали претпријатието за незначителни трошоци за патувања, ноќевања, за репрезентации.

Директорот на „Водовод“ Оливер Стојмановски кажа дека овие услуги се под однос на вратени и веќе коригирани цени од пошти, кои во 2018-та еднократно им ја зголемиле цената од 12 на 25 денари. Претпријатието ги вратило овие фактури и од седми месец годинава, нема зголемување на ставката.

Младеновска посочи дека и „Чистота и Зеленило“ во третиот квартал работело со добивка, за околу 900.000 денари. Обврските на претпријатието кон добавувачите биле зголемени за 1, 3 милиони денари, а побарувањата по однос на продажба на услуги се зголемиле за два милиони денари во однос на истиот период лани.

„Куманово-Гас“ покажало загуба, но помала во однос на истиот период лани. За овие месеци јули-септември, претпријатието не дистрибуира гас кон домаќинства и други потрошувачи.ам/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close