Дописници МКДОпштински вести

Уреден дворот и донација за музичките училишта во Струга

Во рамките на проектот „Од нас за нашите врсници во OОМУ - Струга и ДСУ Тодор Скалоски – Тетоец“ денеска беше уреден дворот и донесена донација од музичка опрема во основното и средното музичко училиште во Струга.

Струга, 29 јуни 2022 (МИА) – Во рамките на проектот „Од нас за нашите врсници во OОМУ – Струга и ДСУ Тодор Скалоски – Тетоец“ денеска беше уреден дворот и донесена донација од музичка опрема во основното и средното музичко училиште во Струга.

Поставени се пет клупи за седење, три корпи за отпадоци, исфарбани се оградите и портите и засадени се 130 садници – цвеќиња и дрвца.

Донирани се и музички инструменти, односно две виолини Straus Rottman ¼, девет виолини Straus Rottman ½, еден сет percussion Flight FPS-10, два сета металофон Flight FM-25 и по една акустична гитара Flight D-225, флејта Flight FFl-202 и кларинет Canorus CL-501.

Проектот го реализира здружението „Аква“ од Струга, со поддршка од IOM меѓународна организација Македонија и Секторот за образование при Општина Струга. Целта е обезбедување локална соработка и унапредување на условите во локлната заедница. сс/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close