Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Уписи на Факултетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, во понеделник и вторник на 20 и 21 септември ќе врши прием на студенти во вториот уписен рок за новата академска 2021/2022 година.

Охрид, 18 септември 2021 (МИА) – Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, во понеделник и вторник на 20 и 21 септември ќе врши прием на студенти во вториот уписен рок за новата академска 2021/2022 година.

На Универзитетот се преостанати слободни места за упис на студиските програми за компјутерски науки и инженерство – 55 места; на студиите за комуникациски мрежи и безбедност – 79 места; применети информатички технологии, машинска интелигенција и роботика – 116 места; информатички системи, визуелизација, дигитална мултимедијална и анимациска техника – 73 места; како и на информатички и комуникациски науки – 77 места. аб/лв/

Back to top button
Close
Close