Дописници МКДОпштински вести

Универзитетот во Тетово организираше тркалезна маса по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

Студиската програма за дефектологија при Педагошкиот факултет во Тетово заедно со Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје организираа тркалезна маса по повод 3 декември, Меѓународниот ден на лица со посебни потреби на тема „Инклузивното образование во Република Северна Македонија“. Своето излагање имаше деканот на Педагошкиот факултет при УТ, проф. Љуљзим Мехмеди.

Тетово, 3 декември 2021 (МИА) – Студиската програма за дефектологија при Педагошкиот факултет во Тетово заедно со Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје организираа тркалезна маса по повод 3 декември, Меѓународниот ден на лица со посебни потреби на тема „Инклузивното образование во Република Северна Македонија“. Своето излагање имаше деканот на Педагошкиот факултет при УТ, проф. Љуљзим Мехмеди.

-Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, не треба да се одбележува само на 3 декември туку да ги почитуваме, грижиме, воспитуваме, штитиме и рехабилитираме луѓето со посебни потребни во текот на целата година. Овие луѓе бараат да бидат еднакви, да живеат самостојно и да функционираат во општеството, истакна професорот Мехмеди.

Продеканот за образование на Педагошкиот факултет при УТ, проф.д-р. Буниамин Мемеди, потсети на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост и Законот за основно образование посочувајќи дека државата сè уште не обезбедува соодветен простор, човечки ресурси за да се обезбеди пристап до образование за сите деца и адолесценти со попреченост. ас/ки/

Back to top button
Close
Close