Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Украден автомобил од двор на куќа во село Тодоровци

Украден е автомобил од семеен двор во каменичкото село Тодоровци. Како што информираат сопствениците на украденото возило, настанот е регистриран во 5 часот утрото, по што е известена полицијата.

Македонска Каменица, 23 октомври 2021 (МИА) – Украден е автомобил од семеен двор во каменичкото село Тодоровци. Како што информираат сопствениците на украденото возило, настанот е регистриран во 5 часот утрото, по што е известена полицијата.
-Украденото возило е „форд фокус“ со сива боја и регистарски таблички МК 0927 АВ. Aпелираме доколку некој го забележи да ја извести најблиската полициска станица, истакнаа од семејството чие возило е украдено.
Според неофицијални извори, по грабежот на возилото, забележани се едно женско и две машки лица на надворешните камери кај мотел „Мерак“ каде исто така утрово имало обид за кражба.
Од полицијата во Македонска Каменица го потврдија случајот со кражбата на возилото, информирајки дека се трага по сторителот/-ите, за што дополнително ќе информираат. вс/хс/

Back to top button
Close
Close