0_Спорт.ПорталФудбал

УЕФА планира да ја казни Англија за однесувањето на навивачите во финалето на Евро 2020

Европската фудбалска асоцијација сака да ја казни Англија за однесувањето на навивачите на денот на последниот натпревар од Евро 2020 со Италија (2:3 на пенали), објави „Скај Спортс“.

Нион, 18 октомври 2021 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација сака да ја казни Англија за однесувањето на навивачите на денот на последниот натпревар од Евро 2020 со Италија (2:3 на пенали), објави „Скај Спортс“.

Пред почетокот на натпреварот, околу сто навивачи без билети се обидоа да влезат на стадионот.

Исто така, за време на натпреварот, навивачите истрчаа на теренот, фрлија предмети и запалија огномет.

УЕФА за евентуалната казна на ФА (англиската федерација) ќе одлучи денес. Многу е веројатно, Англија да мора да одигра барем еден натпревар на домашен терен со празни трибини. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close