0_Спорт.ПорталКошаркаРезултати

Убедлив пораз на ТФТ на гостувањето кај Ирони Нахарија

Македонскиот претставник во БИБЛ, тимот на ТФТ, вечерва загуби на гостувањето во Израел кај Ирони Нахарија со 102:63.

Нахарија, 4 ноември 2021 (МИА) – Македонскиот претставник во БИБЛ, тимот на ТФТ, вечерва загуби на гостувањето во Израел кај Ирони Нахарија со 102:63.

По нерешените 18:18 во првата четвртина, домаќините успеаја да го скршат отпорот на тимот од Тафталиџе во вторите 10 минути кои ги добија со 29:16. Во третиот период беше 22:18, а последниот 33:11.

Ландриус Хортон реализираше 14 поени и пет скока, а Александар Костоски 13 поени и  четири асистенции за ТФТ.

Следниот дуел ТФТ ова регионално натпреварување ќе го одигра на 8 ноември, на гостински терен во Пловдив против Академик, а ден подоцна, избраниците на тренерот Боро Смилковски се селат во Стара Загора, каде ги чека средбата со Берое. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close