ХроникаХроника.Портал

Уапсен кумановец поради криумчарење на мигранти од Куба

едесет годишен кумановец синоќа бил лишен од слобода на наплатната рампа Смоквица, затоа што во неговото возило биле пронајдени четири лица - мигранти од Куба, информира МВР.

Скопје, 30 октомври 2021 (МИА) – Педесет годишен кумановец синоќа бил лишен од слобода на наплатната рампа Смоквица, затоа што во неговото возило биле пронајдени четири лица – мигранти од Куба, информира МВР.

-Синоќа, во 22,00 часот на наплатна рампа Смоквица од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица бил лишен од слобода Б.Б.(50) од Куманово, затоа што при контрола на патничко моторно возило “пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки биле пронајдени четири лица-мигранти од Куба, соопштуваат од МВР.

Тие биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против Б.Б. ќе биде поднесена соодветен поднесок.ир/ев

Back to top button
Close
Close