0_Спорт.ПорталФудбал

Уапсени 12 лица по судирите меѓу навивачите на Лестер и Наполи

Полицијата уапси 12 лица по судирите меѓу навивачите пред и по натпреварот од Лига Европа помеѓу Лестер и Наполи (2:2), пренесува „Фудбал Италија“.

Рим, 17 септември 2021 (МИА) – Полицијата уапси 12 лица по судирите меѓу навивачите пред и по натпреварот од Лига Европа помеѓу Лестер и Наполи (2:2), пренесува „Фудбал Италија“.

Пред и по натпреварот, имаше неколку судири меѓу навивачите во близина на стадионот.

За време на мечот, навивачите на италијанскиот тим започнаа расправија со локалната полиција и навивачите на противничкиот тим.

Во следното коло од Лига Европа, Лестер ќе игра на гости кај Легија, додека Наполи ќе го пречека Спартак.

Натпреварите ќе се одиграат на 30 септември. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close