0_Спорт.ПорталКошаркаСпорт

ТФТ не го помина првото коло во квалификациите за ФИБА Лига на шампиони

Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ синоќа загуби од Кемниц соо 96:77 во првото коло од квалификацискиот турнир за пласман во ФИБА Лигата на шампиони.

Скопје, 22 септември 2022 (МИА) – Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ синоќа загуби од Кемниц соо 96:77 во првото коло од квалификацискиот турнир за пласман во ФИБА Лигата на шампиони.

Клубот од скопско Тафталиџе лошо го отвори натпреварот и веќе на крајот на првата четвртина имаше 10 поени негатива (14:24), До полувремето германскиот претставник предноста ја зголеми на 18 разлика. Во вторите 20 минути ТФТ беше рамноправен противник, но немаше сили за изненадување.

На натпреварот одигран во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ најефикасен играч беше Андерсон од ТФТ со 27 поени, во победничкиот тим се истакна Филиповите со 26 поени.

Во полуфиналето на турнирот во Скопје, Кемниц ќе игра со Фрајбург Олимпик.

Паралелно со турнирот во Скопје квалификации се играат во Белград, Малага и Лисабон.

Согласно со системот за натпреварување, победниците на четирите турнири ќе обезбедат пласман во една од шесте групи од регуларниот дел од сезоната во Лигата на шампионите. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close