0_Спорт.ПорталКошаркаСпорт.Слајдер

ТФТ и Куманово ги почнуваат квалификациите во ФИБА Еврокупот

Македонските екипи ТФТ и Куманово, денес стартуваат во квалификациите за кошаркарскиот Еврокупот во организација на ФИБА. ТФТ од 14:30 часот игра со Седеак, пет часа подоцна, во четвртфиналето, Куманово се среќава со Гмунден.

Краснојарск, 28 септември 2021 (МИА) – Македонските екипи ТФТ и Куманово, денес стартуваат во квалификациите за кошаркарскиот Еврокупот во организација на ФИБА. ТФТ од 14:30 часот игра со Седеак, пет часа подоцна, во четвртфиналето, Куманово се среќава со Гмунден.

Скопскиот клуб поради големата временска разлика со Краснојарск каде се игра квалификацискиот турнир, натпреварот ќе го почне порано од вообичаените термини. Нивен прв противник е унгарскиот претставник Седеак од Сегедин, третопласираната екипа од минатата сезона во домашното првенство и по основниот дел и во плеј-офот.

– Се наоѓаме во мошне тешка група, можеби најтешка во квалификациите, со тимови од најдобрите европски лиги како домаќинот Енисеј, потоа Хапоел Хаифа и Бајројт кој ни е можен ривал во полуфиналето. Нашата шанса ја гледаме во првиот меч, против Сегдеак, квалитетен тим со одлична бековска линија, предводена од Парсонс и Кук. Ривалот е добро скаутиран и се надеваме на победа и пласман во полуфиналето. Очекуваме да одиграме барем два натпревара во Краснојарск, но одиме без никаков притисок. Основна цел ни е да ‘купиме’ ново искуство од натпреварите на европска сцена, нешто што сум сигурен дека позитивно ќе влијае на натамошниот дел од сезоната, изјави тренерот Боро Смилковски пред европското деби.

Куманово ќе биде дел од групата „А“ која разигрува во холандскиот Гронинген, а вечерва, од 19:30 часот силите ќе ги одмери со австрискиот Гмунден.

– Станува збор за тим кој е шампион на Австрија. Од минатата сезона тимот е изменет со тоа што поголемиот дел од нивните кошаркари кои беа носители не се веќе дел од оваа екипа. Иако има измени во играчкиот кадар на нашиот противник не значи дека ние треба да ја отпишеме оваа екипа. Нашата шанса на овој меч ја гледам во нашата одбрана и брзата транзиција од одбраната во фазата од нападот. Само треба внимателно и сериозно да влеземе во мечот, резултатот ќе дојде сам по себе, смета тренерот на кумановци, Игор Ѓорѓиевски пред европскиот предизвик.

Доколку триумфира во полуфиналето македонскиот тим ќе се сретне со домаќинот на турнирот Гронинген. А во оваа група се наоѓаат уште Бенфика и Волунтари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close