0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Тухел потврди за интересот на Челзи за Халанд

Тренерот на Челзи, Томас Тухел, го потврди интересот на лондонскиот клуб за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

Лондон, 20 октомври 2021 (МИА) – Тренерот на Челзи, Томас Тухел, го потврди интересот на лондонскиот клуб за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

– Разговаравме за Ерлинг неколку пати, вклучително и за време на минатиот летен преоден рок. Точно, во тоа време неговиот трансфер за нас изгледаше нереално. Редовно зборуваме за него бидејќи е фантастичен фудбалер и дефинитивно важна фигура во Борусија, која е сериозен конкурент во Лигата на шампионите. Дали можам да ги замислам Лукаку и Халанд заедно на теренот? Зошто не, можеме да разговараме за тоа! Мислам дека не разговаравме сериозно за ова, но да видиме што може да се случи во наредните недели, изјави Тухел за „Билд“.

Во тековната сезона Халанд одигра 10 натпревари за Борусија, постигна 13 гола и четири асистенции.

„Transfermarkt.com“ го проценува 21-годишниот Норвежанец на 150 милиони евра. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close