0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Тухел незадоволен од напаѓачите на Челзи

Тренерот на Челзи, Томас Тухел е незадоволен од играта на офанзивците на лондонскиот тим.

Лондон, 24 мај 2022 (МИА) – Тренерот на Челзи, Томас Тухел е незадоволен од играта на офанзивците на лондонскиот тим.

– Статистиката што ја добива Челзи од нивните напаѓачи не ни дозволува да ги победиме Ливерпул и Манчестер сити. Во оваа линија ни треба доминација ако сакаме да бидеме поблиску до првите две екипи во лигата. Не покажувам со прст и не обвинувам никого, но потребна ни е супер-ефикасност од сите фудбалери. Нашите фудбалери навистина немаат големи бројки во однос на перформансите и асистенциите, изјави Тухел за „Гардијан“.

Челзи заврши на третото место во сезоната 2021/22 во Премиер лигата со 74 бодови од 38 натпревари.

На првите две  места се пласираа Манчестер сити и Ливерпул со 93, односно 92 бода. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close