0_Спорт.ПорталСпортСпорт.СлајдерФудбал

Тухел го спореди со пораз ремито против Брајтон

Тренерот на Челзи, Томас Тухел, синоќа по ремито (1:1) со Брајтон во натпреварот од 24. коло на Премиер лигата, изјави дека имал чувство на пораз.

Лондон, 19 јануари 2022 (МИА) – Тренерот на Челзи, Томас Тухел, синоќа по ремито (1:1) со Брајтон во натпреварот од 24. коло на Премиер лигата, изјави дека имал чувство на пораз.

– Тешко ми е да анализирам вакви натпревари. Го почитуваме противникот и разбираме дека секогаш е тешко да се игра на овој стадион. За домаќините овој натпревар наликуваше на куп натпревар, а тоа го потврдува и реакцијата на трибините по последниот судиски свиреж. Се чувствувавме како да изгубивме денес. Сепак, нема ништо натприродно во тоа и сигурен сум дека на кој било друг клуб ќе му биде неверојатно тешко да освои бодови овде.

И во оптимални услови ова би било тешка задача за нас, а уште повеќе во моменталната состојба на тимот. Се соочивме со многу тешкотии и не можам за ништо да го обвинам мојот тим. Не е дека не сакавме да победиме. Имавме среќа да поведеме и можевме да ја изградиме предноста со постигнување втор гол, но не го направивме и знаеме зошто. Секако дека мора да бараме максимум од тимот, но во оваа фаза сè е премногу комплицирано, изјави Тухел.

Челзи по 23 натпревари во Премиер лигата има собрано 44 бодови и е на третото место, зад Ливерпул кој е втор со 45 бода од 21 натпревар и лидерот Манчестер сити кој има 56 бода од 22 натпревара. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close