0_Спорт.ПорталФудбал

Тухел во Лукаку го гледа идниот капитен на Челзи

Тренерот на Челзи, Томас Тухел, изјави дека напаѓачот Ромелу Лукаку во иднина може да стане капитен на тимот.

Лондон, 20 септември 2021 (МИА) – Тренерот на Челзи, Томас Тухел, изјави дека напаѓачот Ромелу Лукаку во иднина може да стане капитен на тимот.

– Лукаку е спортист од највисоко ниво, сака тренинзи, секогаш има насмевка на лицето, сака да победи на секој турнир. Тоа е добро. Тој дава пример за другите. Дали може да стане капетан? Да, мислам дека може да биде. Но, сега не е време за размислување, имаме прекрасен капетан. Главната работа е дека Ромелу се однесува како капитен, и ова е поважно отколку само да имаш капитенска лента, изјави Тухел за „Скај спортс“.

Моментален капитен на тимот е дефанзивецот Цезар Аспиликуета.

Лукаку се приклучи на Челзи во август 2021 година од Интер. Оваа сезона, 28-годишниот Белгиец одигра пет натпревари за клубот и постигна четири гола. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close