Дописници МКДКултураКултура.Портал

Турскиот театар со претставата „Рапунзел“ го отвори првиот театарски фестивал „Ускана фест“ во Кичево

Со претставата „Рапунзел“ на Турскиот театар од Скопје, денеска беше отворен првиот театарски фестивал „Ускана фест“ во Кичево. Иако беше најавено отворање на фестивалот со претстава на Тетовскиот театар, сепак поради презафатеност на еден од главните актери во претставата нивниот настап за вечерва е откажан.

Кичево, 5 декември 2021 (МИА) –  Со претставата „Рапунзел“ на Турскиот театар од Скопје, денеска беше отворен првиот театарски фестивал „Ускана фест“ во Кичево. Иако беше најавено отворање на фестивалот со претстава на Тетовскиот театар, сепак поради презафатеност на еден од главните актери во претставата нивниот настап за вечерва е откажан.

– На сите им е потребна бајка, која и најмрачната ноќ ќе ја претвори во пролетно утро. „Рапунзел“ е неверојатна приказна за девојката со златно жолта коса, која е широко распространета низ повеќе светски култури, од Иран па сè до Германија, вели Рахим Рамадани од Домот за култура – Кичево.

Режисер на претставата е Џабир Доко. за/ки/

Back to top button
Close
Close