0_Спорт.ПорталОстанатоСпорт

Тројца македонски таеквондисти, како и ракометарките ги завршија настапите на МИ 2022

Тројца македонски таеквондисти, како и македонската женска ракометна репрезентација, денес ги завршија настапите на Медитеранските игри во Оран, Алжир.

Оран, 4 јули 2022 (МИА) – Тројца македонски таеквондисти, како и македонската женска ракометна репрезентација, денес ги завршија настапите на Медитеранските игри во Оран, Алжир.

Анамарија Георгиевска избори пласман во четвртфиналето по победата над Зорана Сандиќ од Босна и Херцеговина во 1. коло, но во борбата за пласман во полуфиналето загуби од Матеа Јелиќ од Хрватска со 28:2.

Марко Аврамовски во категорија до 58 килограми загуби од Алжирецот Саиди Атуи со 34:14, додека Филип Додевски во категорија до 80 килограми беше поразен во првиот настап од Турчинот Хусеин Картал со 24:13.

На турнирот за ракометарки, „црвено-жолтите“ во дуелот за 7. место ја победија домашната селекција на Алжир со 31:23. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close