Дописници МКДОпштински вестиПолитика

Тројца кандидати за градоначалник на Охрид, 11 советнички листи за претстојните Локални избори

Во трката за гласови во Охрид на претстојните Локални избори закажани за 17-ти идниот месец влегуваат тројца кандидати за градоначалничката функција, како и 11 листи во трката за место во идниот состав на Советот на општината.

Охрид, 22 септември 2021 (МИА) – Во трката за гласови во Охрид на претстојните Локални избори закажани за 17-ти идниот месец влегуваат тројца кандидати за градоначалничката функција, како и 11 листи во трката за место во идниот состав на Советот на општината.

Кандидати за градоначалник се Кирил Пецаков од коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ со реден број 7, Константин Георгиески од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ со реден број 12 и Гоце Цветкоски од ТМРО со реден број 25 на гласачкото ливче,.

За 23-те советнички места, колку што ги има општинското тело, конкурираат вкуно 250 кандидати од единаесет советнички листи од кои три се независни, исто толку предложени од партиски коалиции и предложени од политички партии.

Според бројот на гласачкото ливче тоа се кандидатите на ДУИ со носител на листа Нефи Усеини со реден број 3, на ДОМ и ЛДП „Одлучно за промени“ со носител Александар Станкоски – реден број 2, од ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“ носител Сашо Донев – реден број 7, Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ со носител Науме Јованоски – реден број 12, „Левица“ со носител Виолета Аврамова – реден број 15, Движење БЕСА со носител Џемал Мена и реден број 16, „Единствена Македонија“ со носител на листа Владимир Суклоски – реден број 19, ТМРО и Магдалена Наумоска како носител на листа – реден број 25, Група избирачи Стевче Стевоски – реден број 38, Група избирачи Антонио Наумоски – реден број 98 и Група избирачи Димитар Велјаноски со реден број 122 на гласачкото ливче.

На претстојните локални избори ќе се гласа како што тоа се спроведуваше на претходноите парламентарни избори односно согласно протоколите за заштита од Ковид-19. Промена на местото на гласање има само на едно гласачко место 1255,1255/1, така што гласачите наместо во Територијалната противпожарна единица своето право ќе можат да го остварат во просторија на ОУ „Братство и Единство“. Промена има и за гласачите од улица „Лазо Трпоски“ кои заради голем број гласачи на избирачкото место 1271 ќе гласаат на гласачко место 1274 во охридската гимназија. аб/цр

Таг
Back to top button
Close
Close