0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталГраѓански секторОпштество

Три новинарки на МИА наградени „Гласници на невидливите“

Симона Србиноска, Фатиме Фазлији и Светлана Дарудова од МИА се дел од годинешните „Гласници на невидливите“ кои со своите стории поврзани со сиромаштија, социјална исклученост и нееднаквост ја освоија наградата која ја доделува Македонската платформа против сиромаштија.

Скопје, 26 јуни 2022 (МИА) – Симона Србиноска, Фатиме Фазлији и Светлана Дарудова од МИА се дел од годинешните „Гласници на невидливите“ кои со своите стории поврзани со сиромаштија, социјална исклученост и нееднаквост ја освоија наградата која ја доделува Македонската платформа против сиромаштија.

Србиноска ја освои наградата „Гласник на невидливите 2022“ за сторијата , „Безбедноста и достоинството на корисничките на дрога – жртви на физичко насилство, условени од стигмата во општеството“, која се однесува на корисничките на дрога кои не се поддржани од средината и нивниот глас не се слуша во институциите бидејќи стигмата и дискриминацијата се прегласни.

Во „Не се посветува доволно внимание на случувањата во интернет – просторот, законски измени за демнењето заглавени во собраниски процедури“, Фазлији пишува за новото кривично дело „демнење“, кое се очекува да биде воведено во новите измени во Кривичниот законик што се заглавени во собраниска процедура.

Додека, во сторијата на Дарудова „Свирењето тапани терапија за лице со тешки деформитети на екстремитети“, се зборува за Николчо Делов од Кавадарци, кој и покрај тешките деформитети на раце и нозе, докажува дека сака и може да даде максимум од своите можности, свирејќи на тапани.

Годинешни „Гласници на невидливите“ се и новинарките Бјанка Станковиќ и Христина Ѓорѓиевска од „Види Вака“, Ивана Смилевска и Емилија Петреска од Радио МОФ, и новинарот Дарко Штаргоски од Инфо Компас.

Оваа година, за несебична поддршка и солидарност, Македонската платформа за борба против сиромаштија ѝ додели благодарница и на новинарката Ангела Рајчевска од МИА.

Македонската платформа против сиромаштија ја доделува наградата „Гласник на невидливите“ која има за цел промовирање на новинарство кое ги опфаќа многуте аспекти на сиромаштијата, социјалната исклученост и нееднаквост. Платформата поддржува известување кое ги почитува граѓаните и внимава на нивното достоинство и изразува поддршка на новинарите кои им даваат видливост и гласност на граѓаните кои вообичаено не ги гледаме и слушаме, а конечната цел е да се доделат награди на општествено посветени новинари, кои внимаваат да не градат стереотипи и не се водат од сензационализам.

Улогата на членови во жирито ја имаат исклучиво луѓе кои имаат искуство со живот во сиромаштија. ар/цр

Таг
Back to top button
Close
Close