ХроникаХроника.Портал

Три лица во кочанско приведени за неовластено држење на оружје

Полициски службеници од ОВР Кочани вчера ги лишеа од слобода Б.Д.(31) од с.Бања, И.Ј.(41) од с.Чешиново, Општина Чешиново – Облешево и Д.Д.(25) од с.Бања, кочанско, информираат од МВР.

Скопје, 29 ноември 2021 (МИА) – Полициски службеници од ОВР Кочани вчера ги привеле Б.Д.(31) од с.Бања, И.Ј.(41) од с.Чешиново, Општина Чешиново – Облешево и Д.Д.(25) од с.Бања, кочанско, информираат од МВР.

– По претходно добиени сознанија дека на подрачјето на Кочани се вршат прекршоци по чл.80 од Законот за оружје и кривични дела во врска со неовластено држење на оружје по чл.396 од Кривичниот законик, при извршена контрола од страна на полициски службеници, кај Б.Д. била пронајдена и одземена ловечка пушка сопственост на С.М. од Кочани, кај И.Ј. биле пронајдени и одземени две ловечки пушки и Д.Д. кој недозволено поседувал оружје, соопштија од МВР.

По документирање на случајот против Б.Д. и Д.Д. ќе бидат поднесени кривични пријава по чл.396 од Кривичниот законик, а против И.Ј. и С.М. ќе бидат поднесени прекршочни пријава по чл.80 ст.1 од Законот за оружје. оџ/са/

Back to top button
Close
Close