Политички партии

Трипуновски: Министерот Николовски тера партиска кампања, наместо да ги решава проблемите на земјоделците

Скопје, 17 август 2022

Скопје, 17 август 2022

Вчера оризопроизводителите протестираа бидејќи оризот им се откупува по багателни цени, лозарите се уште не знаат која ќе биде цената на вранецот и смедеревката, а цената пак на трпезното грозје секој ден паѓа, додека африканската свинска чума се распространува низ државата и свињарскиот сектор е под сериозна закана, министерот Љупчо Николовски тера партиска агенда промовирајќи го кандидатот за градоначалник на Маврово и Ростуше.

Земјоделците мака мачат и не знаат како ќе се прехранат, бараат решение за нивните проблеми, Николовски изјавува дека Требиште се развива како сите населени места во Маврово и Ростуше.

Но, јас го разбирам. Тој во Маврово и Ростуше е заминат да продава ветер и магла, мислејќи дека таму ќе му поминат лагите и манипулациите.

Нема Николовски лице да се појави пред земјоделците, да седне на маса и да се соочи со проблемите и барањата, видлива е неговата негрижа и неспособност, а знае дека ќе биде исвиркан и избркан. Затоа и власта не прифаќа избори, бидејќи стравува од пораз кој најсилно ќе им го зададат земјоделците.

Апелирам до Љупчо – Путерот, да ги намали партиските активности и водењето на личен пи-ар маркетинг, да ги засука ракавите и да се фати за работа, поради тоа што зема плата од граѓаните за да ги решава нивните проблеми, а не за да шета и да се слика.

Ако не знае како тогаш, има луѓе што знаат да ги решат проблемите на земјоделците и да им го вратат изгубеното достоинство.

Многу набрзо доаѓаат промените.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close