Дописници МКДКултураКултура.Портал

Триесетто јубилјено издание на меѓународниот хорски фестивал ТЕХО

По 30-ти пат в петок и в сабота, на 29 и 30 октомври ќе се одржи најновото годинашно издание на фестивалот на хорска музика „Тетовски хорски одѕиви“ (ТЕХО). Фестивалот ќе се одржи во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ во Лешок, соопштија од организацискиот одбор.

Тетово, 26 октомври 2021 (МИА) – По 30-ти пат в петок и в сабота, на 29 и 30 октомври ќе се одржи најновото годинашно издание на фестивалот на хорска музика „Тетовски хорски одѕиви“ (ТЕХО). Фестивалот ќе се одржи во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ во Лешок, соопштија од организацискиот одбор.

-ТЕХО наметна една нова димензија на почит кон хорското музичко творешто. На сцената на ТЕХО многу хорови имаа свој прв настап, многу композитори создадоа композиции инспирирани од големината на фестивалот. Овој јубилеј е доказ дека желбата, ентузијазмот и вербата кон уметноста може да ги надмине сите пречки, изјави Ивица Зориќ, претседател на ТЕХО и диригент на хорот „Менада“.

В петок од 19 часот ТЕХО започнува со промоција на зборник „Хорско творештво на Љубомир Трифуновски“. Дел од програмата се настапите на Градски женски хор „Менада“ од Тетово, мешан хор Акапела од Тетово, детски хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес, Друштво пријатели на музиката „Розада Експрешн“ од Скадар, Албанија и женски камерен хор „Света Злата Мегленска“ од Скопје.

В сабота од 13 часот настапуваат градски мешан хор „Воз Лихнидос“, градски мешан хор „Гортинија“ од Гевгелија и женски мкадински хор МКЦ- Скопје. ас/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close