0_Спорт.ПорталОстанатоСпорт

Трет пораз за македонските одбојкарки на Игрите во Алжир

Македонската женска одбојкарска репрезентација го претрпе третиот пораз во третиот свој настап на Медитеранските игри во Оран.

Оран, 28 јуни 2022 (МИА) – Македонската женска одбојкарска репрезентација го претрпе третиот пораз во третиот свој настап на Медитеранските игри во Оран.

„Црвено-жолтите“ попладнево загубија од Грција со убедливи 3:0, по сетови 25:18, 25:16 и 25:19.

Претходно на турнирот македонските одбојкарки загубија од Тунис и од Египет и се последни во Б-групата без бодови и со само еден освоен сет.

Грција е на првата позиција со максимални девет бодови, а за второто место во директен дуел ќе одлучуваат Тунис и Египет. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close