ОпштествоПолитика

Тренчевска – Чебук: Со соработка во областа на трудот, социјалната заштита и родовата еднаквост го продлабочуваме пријателството

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Анатол Чебук, новоименуваниот амбасадор на Молдавија во државава  со седиште во Софија.

Скопје, 26 јануари 2022 (МИА) – Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Анатол Чебук, новоименуваниот амбасадор на Молдавија во државава  со седиште во Софија, со кого разгогварале за можностите за воспоставување соработка помеѓу министерствата за труд и социјална политика на двете држави преку склучување меморандум за соработка

-Тренчевска и Чебук заклучиле дека министерствата би соработувале во рамките на нивната надлежност и во согласност со нивните национални законодавства преку спроведување на заеднички иницијативи во областите на трудот, вработувањето, социјалната заштита, политиките за родова еднаквост и други прашања кои ги опфаќаат министерствата. Додека соработката би се реализира преку размена на искуства, учество на експерти на конференции, семинари и други меѓународни настани организирани на териториите на двете држави, преку размена на законски и стручни документи и други материјали, како и работа и реализација на заеднички проекти, информира Министерството за труд и социјална политика.

-Северна Македонија и Република Молдавија имаат одлични пријателските односи и верувам дека во периодот кој доаѓа ќе оствариме и потесна соработка во областа на трудот и социјалната политика со надлежното министерство на Молдавија, на прашања кои се од заеднички интерес на граѓаните на двете држави, оценила министерката Тренчевска.

Амбасадорот Чебук пак, од друга страна изразил интерес и во делот на можностите за склучување на договори за социјално осигурување меѓу двете држави, за што двете страни се согласиле за понатамошен отворен дијалог по ова прашање.

-Министерката Тренчевска на новоименуваниот амбасадор на Молдавија, Чебук му посака успех во извршувањето на дипломатската функција, а двете страни изразија уверување за почнување плодна меѓудржавна соработка, наведуваат од МТСП.свс/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close