Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Трајче Серафимовски го фати Светиот крст во Струмица

- Втор пат скокам по крстот и успеав да го фатам. Посакувам здравје и среќа на сите, рече Серафимовски.

Струмица, 19 јануари 2022 (МИА) – Трајче Серафимовски (29) денеска го фати Светиот крст во осветените води на базенот „Аквариус“ во Струмица.

Во водата скокнаа 15 граѓани, а најбрз беше Серафимовски.

– Втор пат скокам по крстот и успеав да го фатам. Посакувам здравје и среќа на сите, рече Серафимовски.

Тој од Општина Струмица доби Плакета-православен крст и подароци од спонзорите.

Со свечена Богојавленска литургија, празникот Водици беше одбележан во сите храмови на Струмичката епархија. рт/цр

Таг
Back to top button
Close
Close