0_Спорт.ПорталКошаркаСпортСпорт.Слајдер

Трајчевска: Не се плашиме од никого, излегуваме да се натпреваруваме и ќе се бориме до крај

Македонската кошаркарска репрезентативка, Нена Трајчевска, ќе биде новиот капитен на националниот тим во наредниот период. Во отсуство на Анџелика Митрашиновиќ, искусното крило ја доби довербата на стручниот штаб и своите соиграчи, и ќе ги предводи девојките во дуелите со селекциите на Белгија и на Германија во овој ноемвриски квалификациски ФИБА „прозорец“ во кој се брка пласман на Европското првенство кое во 2023 година ќе се одржи во Израел и Словенија.

Скопје, 24 ноември 2022 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентативка, Нена Трајчевска, ќе биде новиот капитен на националниот тим во наредниот период. Во отсуство на Анџелика Митрашиновиќ, искусното крило ја доби довербата на стручниот штаб и своите соиграчи, и ќе ги предводи девојките во дуелите со селекциите на Белгија и на Германија во овој ноемвриски квалификациски ФИБА „прозорец“ во кој се брка пласман на Европското првенство кое во 2023 година ќе се одржи во Израел и Словенија.

– После цела година без тренинг, повторно се собравме, сепак, некомплетни. Ни недостасува најдобриот домашен играч, Анжелика Митрашиновиќ и уште неколку играчи од Италија кои не можат да бидат со нас. Факт е дека во изминатиот период трениравме некомплетни. Но ќе дадеме се од себе да дојдеме до позитивен резултат. Против нас ќе имаме големи кошаркарски имиња, но ние нема да се предадеме. Можеме да се натпреваруваме со секоја репрезентација. Германија ни е попозната бидејќи игравме против неа во претходниот циклус. Но Белгија има неколку познати кошаркарки и е една од најсилните во Европа. Пак ќе кажам дека не се плашиме од никого, излегуваме да се натпреваруваме и ќе се бориме до крај, изјави Трајчевска за официјалниот сајт на КФСМ.

Натпреварот Белгија – Македонија ќе се игра вечер од 20:30.

Во вториот натпревар од групата „А“ од 19 часот, Германија ја дочекува непоразената Босна и Херцеговина. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close