Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Трајковски најави трајно решавање на водоснабдувањето на Голак

Најдоброто за Делчево значи инвестиции во развојот на туризмот и решавање на основните инфраструктурни потреби на планината Голак. Актуелниот градоначалник на Делчево и кандидат на СДСМ и коалицијата за втор мандат истакна дека меѓу главните цели во неговата програма е Голак да прерасне во атрактивна туристичка дестинација и двигател на локалниот економски развој.

Делчево, 14 октомври 2021 (МИА) – Најдоброто за Делчево значи инвестиции во развојот на туризмот и решавање на основните инфраструктурни потреби на планината Голак. Актуелниот градоначалник на Делчево и кандидат на СДСМ и коалицијата за втор мандат истакна дека меѓу главните цели во неговата програма е Голак да прерасне во атрактивна туристичка дестинација и двигател на локалниот економски развој.

-Трајното решавање на водоснабдувањето на планината Голак е стратегиска определба на Општина Делчево и главна цел за развој на туризмот во општината. Зборуваме за конкретни проекти за чија реализација создадени се услови и обезбедени  средства за изработка на квалитетна техничка документација за водоснабдување и одведување отпадни води на планината Голак, изјави денеска Трајковски.

Вредноста на техничката документација, заедно со техничката спецификација на опремата за реализација на проектот како што додаде Трајковски е околу 30.000 американски долари.

– Изминатите четири години се работеше вредно и напорно, а со силна поддршка од централната власт таа силна динамика ќе продолжи, бидејќи од ваквите проекти зависи квалитетот на животот на граѓаните, додаде кандидатот за втор мандат.

Заеднички со граѓаните, посочи тој, чекор по чекор, ќе продолжи креирањето на успешната приказна и изградбата на модерно и урбано Делчево. вс/цр

Таг
Back to top button
Close
Close