Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Традиционално со капење во коритата од селските чешми, лавчанци го примаат кумството

Една од најуникатните традиции на примопредавање на кумството од стариот на младиот кум е онаа во кичевското село Лавчани, која датира од периодот пред 150 години. Така, во ова село на втор ден Водици (женски Водици), младите кумови на селските чешми го примаат кумството од своите претходници, а капењето во студените води е ритуал што остава особен белег кај сите присутни.

Кичево, 20 јануари 2022 (МИА) – Една од најуникатните традиции на примопредавање на кумството од стариот на младиот кум е онаа во кичевското село Лавчани, која датира од периодот пред 150 години. Така, во ова село на втор ден Водици (женски Водици), младите кумови на селските чешми го примаат кумството од своите претходници, а капењето во студените води е ритуал што остава особен белег кај сите присутни.

– Примопредавањето на кумството во нашето село е единственo во земјавa и датира од втората половина на 18 век. Така кај нас примопредавањето на кумството од старите на младите кумови се врши на втор ден Водици (женски Водици), кога седумнаесетте млади кумови ја превземаат улогата, стари кумови, за следната година, вели Цане Ѓорѓиоски, минатогодишен млад кум во село Лавчани.

Тој потсетува на ритуалот што се извршува при примопредавањето на кумството.

– Младите кумови по дружбата во селската црква се упатуваат на коритата кај селските чешми, каде најпрво уз гајда, кавал и тапан играат повеќе традиционални водичарски ора и потоа со котлето в раце, облечени во народна носија влегуваат во коритата од селските чешми, каде се капат, а ја добиваат поддршката од сите присутни на оваа традиционална верска церемонија, појаснува Ѓорѓиоски.

По завршувањето на капењето во селските корита, додава тој, новите кумови се пресоблекуваат во суви алишта и продолжуваат да го слават Водици заедно со своите соселани уз чашка топла ракија мезе и водичарски песни, како на пример „Стомјанине домаќине“ и многу други.

Иако селото нагло се иселило последниве 30 години, оценува дека сепак водичарските традиции и капењето на младите кумови во селските чешми никогаш нема да згаснат.

Истакна дека иако водата од селските чешми е многу студена, досега ниту еден кум не се разболел по овој ритуал. за/цр

Таг
Back to top button
Close
Close