Дописници МКДОпштински вести

Традиционална Црвенџиска средба во делчевското село Бигла

Во делчевското село Бигла се одржа традиционалната Црвенџиска средба. Според организаторот Бошко Васев, средбата се организира 14-ти пат и има за цел да ги собере иселениците од овој крај на заедничка дружба.

Делчево, 9 август 2022 (МИА) – Во делчевското село Бигла се одржа традиционалната Црвенџиска средба. Според организаторот Бошко Васев, средбата се организира 14-ти пат и има за цел да ги собере иселениците од овој крај на заедничка дружба.

-Секое лето во месец август ја организираме за да можеме да се дружиме, извидиме меѓу себе, со цел да ја продолжиме традицијата на нашето семејство од Црвенџиско маало. Овде се и наши гости со кои соработуваме во градот Бретен каде што сме иселени. На сите им го честитам денешниот празник посветен на Св.Пантелејмон кој е и наша семејна слава, рече Васев.

На настанот приствуваа и гости од повеќе градови кои го поздравија ваквиот начин на семејни собири.

-Јас сум од Битола и овде сум да им укажам чест на домаќинити, кои ми помогнаа да се снајдам во Германија. Ваквите средби ги поздравувам и посакувам да ги има се почесто, изјави битолчанецот Николче Митрески.

Ваквите средби се чести во Пијанечкиот крај. Најмасовната прослава ја организираат жителите од делчевската населба Расадник, а слични настани има и во селата Габрово, Град и други. Во изминатите две години поради пандемијата Црвенџиската средба во село Бигла не се одржа. вс/мч/

 

Back to top button
Close
Close