Дописници МКДОпштински вести

Традиционална меѓугранична средба на врвот Руен на Осоговските планини

Во организација на Еколошкото друштво ,,Здравец 2002" од Македонска Каменица, Туристичкото друштво Осогово од Ќустендил, Р. Бугарија и Планинарското-спортско друштво ,,Руен" од Крива Паланка, денеска на врвот Руен на Осоговските планини се одржа традиционалната меѓугранична средба.

Македонска Каменица, 3 јули 2022 (МИА) – Во организација на Еколошкото друштво ,,Здравец 2002″ од Македонска Каменица, Туристичкото друштво Осогово од Ќустендил, Р. Бугарија и Планинарското-спортско друштво ,,Руен” од Крива Паланка, денеска на врвот Руен на Осоговските планини се одржа традиционалната меѓугранична средба.

Поради мерките кои беа воведени за ограничено движење во шума, како што информираше Миран Митревски, претседател на ,,Еко Здравец 2002″, голем дел на граѓани од двете држави, не беа во можност да присуствуваат на настанот.
-Средбата поради ограничувањата се одржа со помал број учесници. Тие меѓусебно се дружеа, како здруженија разменија искуства и идеи за продолжување на соработката. Имавме одлични временски прилики кои дозволија денешната средба да се реализира без никакви проблеми, рече Митревски.
Во рамки на настанот присуствуваа и љубители во офф-роуд возењето.
-Иако во помал број од вообичаено и љубителите во овој спорт дадоа свој придонес во денешниот настан. Имавме учесници од повеќе градови од опкружувањето кои ветија дека повторно ќе ги посетат прекрасните предели на Осоговието, додаде Митревски.
Поради пандемијата традиционалната меѓугранична средба во изминатите две години беше откажана. вс/

Back to top button
Close
Close